SportM
Фудбал

Нејмар ги „пецна“ Французите: „Саудиската лига е посилна“

Д М8 сеп 2023
Нејмар ги „пецна“ Французите: „Саудиската лига е посилна“

Заминувањето на Нејмар од Пари Сен Жермен во Ал Хилал беше вистински „блокбастер“ на летниот преоден рок, кој значително ја промени фудбалската карта на светот.

Многу колосални имиња во светскиот фудбал играат заедно или еден против друг од коло во коло во саудиската лига.

По враќањето во татковината, Бразилецот ги сподели впечатоците од Саудиска Арабија и Ал Хилал.

Еден од најдобрите играчи во светот во последната деценија тоа го тврди по квалитет

„Фудбалот во Саудиска Арабија е ист. Топката е тркалезна, имаме стативи и пречка. Ако ги погледнеме имињата во саудиската лига, нема да ме изненади ако е подобра од Лигата 1. Морам да бидам мирен во главата, среќен, знам како да се грижам за себе и за својата физичка состојба. Веќе 15 години го живеам овој начин на живот. Нема тајни. Таму имаме силни тренинзи. Има силна желба за победа. Јас сакам трофеи со Ал Хилал“, рече Нејмар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.