Нејмар го пропушта и дуелот со Уругвај
Д М13 ное 2020

Лоши вести за Бразил.
Веќе беше познато дека Нејмар нема да може да игра против Венецуела, но оптимизмот владееше за мечот со Уругвај.
Сега целата надеж е изгубена. Членот на ПСЖ не успеа да се опорави од повредата и сигурно нема да може да игра во квалификациите за СП.
Ова го потврди ФС Бразил.
Лекарите од оваа селекција рекоа дека закрепнувањето на Нејмар напредува добро, но дека тој не е подготвен да игра против Уругвај.
Бразил во моментов е втор во својата група со бод помалку од Аргентина, но и натпревар помалку.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



