SportM
Фудбал

Нејмар: Ќе бидам во топ-форма за решавачките натпревари на пролет

Д М2 окт 2018
Нејмар: Ќе бидам во топ-форма за решавачките натпревари на пролет

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар призна дека се уште е далеку од оптималната форма. Бразилецот се надева дека постепено ќе ја подобрува играта и ќе биде 100 проценти подготвен за решавачките натпревари на пролет.

– Не сум 100 отсто подготвен, но тоа важи за секого. Уште е почеток на сезоната, одигравме само неколку натпревари, а најважните фудбалски натпревари се играат во февруари-март, изјави најскапиот фудбалер на светот, цитиран од „Франс Прес“.

Тој додаде дека веќе нема проблеми со повредата, поради која отсуствуваше од игра во вториот дел од ланската сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.