„Нејмар нон-стоп се дебелее, ова што го прави е недозволиво“

Бразилскиот напаѓач Нејмар не се врати навреме во Париз и моментално се „оздравува“ од повредата во родниот Бразил.
Бразилецот се повреди во ноември минатата година и се уште е надвор од терените, но и понатаму трпи жестоки критики. Празниците ги помина во Бразил и не пристигна навреме во Париз како другите негови колеги.
Напаѓачот здивна, уживаше со својата нова девојка на различни дестинации, а тоа е доста досадно за поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен (43), кој го носеше дресот на овој тим од 2004 до 2010 година и е една од легендите на клубот.
„Како да го прифатиме тоа од играч кој нема одиграно 50% од натпреварите од почетокот на сезоната и кој во споредба со претходните години има помал сооднос на голови и асистенции? Тој е помалку ефикасен, постар, постојано се дебелее и нема правилен начин на живот.„Кога имате 30 години, закрепнувањето не ви оди толку добро како на 25, а кога правите глупави работи, вие сте во ризик“, вели Ротен.
View this post on Instagram
Тој смета дека во овој случај виновен е и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кој му дозволил на својот помлад сонародник да прави што сака.
„Ова е неприфатливо од клубот, а сепак го обвинувам спортскиот директор бидејќи тој раководи со спортскиот дел. Тој одлучува за се. Тој му дава зелено светло на Нејмар да остане до 9 февруари и да се лекува во Бразил. Но каде сме ние? неверојатно! Вие сте спортски директор на еден од најголемите клубови во Европа и сакате да ја освоите Лигата на шампионите и не можете да ги контролирате играчите. Еден од вашите клучни играчи не може да оди на лекување во странство. Тој е во Бразил. Имиџот на ПСЖ е дополнително нарушен. Нејмар објавува срања на социјалните мрежи како покер, забави, новогодишна ноќ… Сега ќе снима видеа во кои крева тегови за да каже дека се подготвува за продолжението на сезоната, но…“, вели Ротен.



