Нејмар одбива да го продолжи договорот со ПСЖ

Бразилската srвезда би можела на крајот на сезоната да го напушти ПСЖ, за да се врати во Барселона. Тој има договор со францускиот шампион до 2022 година
Нејмар ја отфрли можноста за продолжување на договорот со ПСЖ.
Францускиот гигант спреми нов договор за бразилскиот напаѓач.
Но, шпанскиот весник „Спорт“ пренесува дека бразилскиот репрезентативец одбил да го обнови својот договор до 2025 година.
Поранешниот играч на Сантос сакаше да се врати во Барселона минатото лето, но на крајот страните не се согласија и тој остана во Париз.
Отпрвин беше исвиркан од навивачите, но потоа со брилијантните настапи повторни ги освои нивните срца.
Сепак, во умот на Нејмар е Барселона, каде има намера да се врати следното лето.
Ова можеби е причината поради која тој го одби новиот договор со ПСЖ.



