SportM
Фудбал

Нејмар остана во ПСЖ по убедувањето од Мбапе и Верати

Д М24 сеп 2019
Нејмар остана во ПСЖ по убедувањето од Мбапе и Верати

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар минатото лето можеше да го напушти францускиот клуб. Барселона и Реал беа активно заинтересирани за 27-годишниот Бразилец, кој цело лето преговараше за можен трансфер со француската страна.

Сепак, Нејмар реши да остане во ПСЖ по убедувањето од соиграчите. Најмногу ревност во честите разговори покажаа играчот од средниот ред Марко Верати и напаѓачот Килјан Мбапе, објави „Ле Паризиен”.

Нејмар го пропушти стартот на сезоната поради повреда, но на последните два натпревари постигна два победоносни гола за парижаните.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.