Нејмар: Подготвен сум да играм против Реал Мадрид
Д М21 ное 2019

Нејмар изјави дека е здрав и подготвен да му помогне на ПСЖ да го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите по неодамнешната повреда.
Повредите беа пречка за Нејмар, досега оваа сезона. Тој не играше за ПСЖ од победата од 4-0 над Анжер на 5 октомври, бидејќи го повреди мускулот.
Тој ја повтори оваа повреда во пријателскиот натпревар Бразил-Нигерија на 13 октомври.
Како и да е, зборувајќи со „FootMercato“, Нејмар рече дека има намера да се врати многу наскоро.
„Се чувствувам одлично. Се чувствувам одлично што ќе играм против Реал Мадрид во Лигата на шампионите“, рече Нејмар.
ПСЖ во петок ќе игра против Лил во Лига 1, пред да отпатува за Шпанија за да се соочи со Реал Мадрид во повратниот дуел.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



