SportM
Фудбал

Нејмар потпиша нов договор со ПСЖ!

Д М8 мај 2021
Нејмар потпиша нов договор со ПСЖ!

Сагата околу Нејмар конечно заврши денес бидејќи тој потпиша нов договор со ПСЖ.
ПСЖ денес на официјалната веб-страница потврди дека Нејмар потпиша нов договор со овој клуб до летото 2025 година.

 

Нејмар имаше договор до летото следната година и се шпекулираше дека тој може да го напушти Паркот на Принцовите на крајот на оваа сезона, но сега е јасно дека тоа нема да се случи.

Бразилецот успеа да се договори за условите на новиот договор и реши да остане во Париз во следните четири години.

 

Француските медиуми пишуваат дека тој ќе заработува дури 30 милиони евра годишно, вклучително и бонуси.

Исто така, тоа значи дека конечно нема да имаме сага за трансфери ова лето околу евентуалното враќање на Нејмар во Барселона, кое започна повторно пред неколку недели.

Нејмар е роден во Сантос, од каде се пресели во Барселона во 2013 година, а по четири сезони минати во каталонскиот клуб, потпиша за ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.