Нејмар во солзи по Србија – Бразилецот тешко повреден?!

Бразил ја совлада Србија на мундијалската премиера, а прославата на „кариоките“ падна во сосема поинаков план поради состојбата на Нејмар по мечот.
„Орлите“ често ја фаулираа ѕвездата на Пари Сен Жермен, а на крајот дури девет пати – што е рекорд за Светското првенство во Катар, откако ниту еден друг фудбалер не бил фаулиран повеќе од пет пати.
Еден старт на Никола Миленковиќ беше „кобен“ за Бразилецот, па поради повреда на скочниот зглоб мораше да го напушти натпреварот во 79. минута. Тој во солзи и со големи болки го напушти теренот, куцајќи бидејќи не можеше нормално да оди.
Фотографите на Ројтерс и АФП го фатија Нејмар како оди бос, покажувајќи им на луѓето околу него колку му е отечен зглобот. И се чини дека воопшто не е добро. Тој на крајот беше виден како плаче на клупата за резерви, но точната големина на неговата повреда засега не е позната.
Докторот на бразилската репрезентација објави:
„Нејмар заработи повреда на десниот зглоб по дуелот со играч од Србија. Веднаш почнавме со лекување додека тој седеше на клупата. Мора да почекаме 24 до 48 часа за да имаме подобра проценка.“
Neymar’s ankle… pic.twitter.com/qXNvMIPPeU
— TC (@totalcristiano) November 24, 2022
Neymar left the pitch with an apparent ankle injury 😞 pic.twitter.com/8YcaVSIGOT
— B/R Football (@brfootball) November 24, 2022



