Connect with us

Фудбал

Некако заврши во воздух: Инсиње на збогувањето доби трофеј повисок од фудбалерот

Лоренцо Инсиње денеска се збогува од стадионот на кој ги остави своите најдобри фудбалски години.

Инсиње последен пат во кариерата настапува на стадионот Диего Армандо Марадона како играч на Наполи од чии редови ги напушта по 16 години.

Италијанскиот напаѓач целата своја кариера ја мина во Наполи, не сметајќи ги позајмиците во Пескара и Фоџа и стана вистински миленик на навивачите.

 

Од таа причина, Наполи сакаше на чесен начин да се прости од претходниот капитен, но тоа не беше можно без една бизарна сцена.

 

Имено, Наполи му врачи огромен трофеј за трајно сеќавање кое е практично повисоко од самиот фудбалер, па се изгледаше комично.

 

За потсетување, Инсиње е висок скромни 136 сантиметри и е меѓу најниските играчи во најсилните лиги во Европа.

Инсиње одигра преку 400 натпревари за Наполи и постигна над 100 голови. Со овој клуб освои два Купа на Италија и еден италијански Суперкуп.

Кариерата ќе ја продолжи во Торонто каде ќе заработува 8 милиони долари годишно, двојно повеќе од Наполи, а многумина ќе се жалат дека ги избрал парите наместо љубовта.

 

 

Реклама

Facebook