SportM
Фудбал

Нема патување за ѕвездите на Наполи

Д М26 мар 2020
Нема патување за ѕвездите на Наполи

Раководството на Наполи им забрани на своите фудбалери да ја напуштат Италија среде хаосот што го предизвика коронавирусот.

И додека неколку клубови во Серија А, вклучувајќи ги Интер и Јувентус, им дозволија на своите играчи да бидат со своите семејства за време на пандемијата на коронавирус, тоа не е случај со Наполи.

Италијанските медиуми јавуваат дека шефот, Аурелио Де Лаурентис им наредил на своите фудбалери да останат во Неапол, а главната причина е периодот што би требало да го поминат во изолација доколку се вратат во своите домови.

Освен што ќе бидат изолирани во матичната земја најмалку 14 дена, истото ќе следи и при нивното враќање во Италија, па така ќе треба да  отсуствуваат цели 28 дена.

Наполитанците имаа намера да го продолжат тренингот оваа недела, меѓутоа, тие планови беа одложени откако италијанската влада им нареди на сите клубови да ги почитуваат мерките и да ги следат упатствата за борба против коронавирусот.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.