Нема прошка: Фудбалерот на Милан доживеа големо понижување од сопствените навивачи (ВИДЕО)

Навивачите на Милан не заборавија што направи еден од најдобрите играчи на овој тим.
Од неговото пристигнување во Милан, Френк Кеси постепено ги презема клучевите на средниот ред на Росонерите и стана главен мотор на популарните Росонери.
Сепак, и покрај силните преговори и убедување, Кеси реши да го напушти Милан. Тој ќе си замине на крајот на сезоната како слободен играч.
Навивачите на Милан сметаат дека тоа е големо предавство и реприза на она што минатото лето го направи Џанлуиџи Донарума, кој на идентичен начин замина во ПСЖ.
Fischiatissimo #Kessie👎
#MilanBologna pic.twitter.com/VuYLb7MhS8— Luca (@Lucafinevita) April 4, 2022
Токму поради одлуката да го напушти тимот пред мечот со Болоња, Кеси доживеа понижување кое ниту еден играч не сака да го доживее.
Имено, додека ја читаа формацијата, неколку десетици илјади навивачи на Милан го исиркуваа неговото име.
Иако се уште нема официјална потврда, сосема е јасно дека Кеси кариерата ќе ја продолжи во Барселона, со која договори четиригодишна соработка вредна 6 милиони евра по сезона.



