SportM
Фудбал

Немаше дилема кој ќе ја добие наградата за најдобар во Бундеслигата

Д М17 мај 2022
Немаше дилема кој ќе ја добие наградата за најдобар во Бундеслигата

Кристофер Нкунку, членот на РБ Лајпциг е прогласен за најдобар играч во минатата сезона во Бундеслигата.

Нкунку има одлична сезона зад себе.

Ги одигра сите 34 натпревари и постигна дури 20 гола. Тој додаде и десет асистенции.

Четири пати беше прогласен за играч на месецот, за прв пат во историјата на Бундеслигата.

Тој пристигна во Лајпциг во 2019 година и потпиша петгодишен договор.

Не се избори за место во ПСЖ, пристигна во германски клуб и на крајот направи потег во кариерата.

Сега се поврзува со голем број на клубови, пред се со Баерн Минхен.

Билд тврди дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ моментално се распрашуваат за него. Подготвени се да го доведат во своите редови и планираат да започнат преговори со Лајпциг.

Германскиот клуб веќе одреди цена за одличниот Французин. Таа изнесува 75 милиони евра, но можно е во текот на преговорите и конечниот договор да биде намалена за околу 10 милиони.

Колку и да го продаде Лајпциг, од него ќе заработат големи профити. Нкунку пристигна во клубот како отпишан играч на ПСЖ во 2019 година за само 13 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.