Поврзи се со нас

Фудбал

Нереален пресврт на натпреварот Интер – Торино

Фантастичен натпревар на Меаца одиграа Интер и Торино, а на крајот домашниот тим успеа да победи со 4:2 по нереален пресврт.

Сепак, тоа како да ги налути играчите на Интер, кои за околу 20 минути успеаја да постигнат целосен пресврт.

Само две минути по голот на Ансалди, тимот на Интер намали на 1:2, а голот го постигна Алексис.

Интер израмни во 67. минута. Алексис овојпат беше асистент, а мрежата на Торино ја затресе Ромелу Лукаку.

Кога се чинеше дека Торино може да постигне еден од играчите на овој тим направи голема глупост и го фаулираше Хакими во неговиот шеснаесетник. Ла Пена гледаше ВАР и оправдано додуди пенал за Интер.

Лукаку ја презеде одговорноста од белата точка, постигнувајќи 3:2 со својот втор гол на натпреварот. До крајот на мечот домашниот тим постигна уште еден гол, а конечните 4:2 ги постави Лаутаро Мартинез.

Интер сега е петти со 15 бода, додека Торино е само на 18-то место со пет бода од осум натпревари.

Важна победа оствари Болоња, која ја победи Сампдорија на гости со 2:1, додека Сасуоло како гостин беше подобар од Верона со 2:0.

loading...

Facebook