Нероаѕурите ќе ја дочекаат Новата година на врвот

Интер го совлада Торино со 1-0 во 19. коло од Серија А.
Првата шанса за гостите ја имаше Марко Пјаца во 18. минута, но покрај голот. Бастони се бори на другата страна, но неговиот удар е изблокиран.
Веднаш потоа истиот играч шутира, но Вања Милинковиќ-Савиќ одлично брани.
Во 30. минута молњите на Интер блеснаа, Един Џеко ја доби топката на крило, побара шут позиција, а потоа проработи неговата неверојатна смисла за гол, а го забележа Дамфрис кој беше во подобра позиција и го совлада голманот на гостите со прецизен удар.
До крајот на полувремето Интер можеше да го зголеми водството, но Мартинез и Чалханоглу не ги искористија шансите.
Второто полувреме ни носи по една посериозна шанса на двете страни. Кај Торино, Лукиќ од слободен удар се обиде да го совлада Хандановиќ, а на две минути пред крајот се стресе рамката од голот на гостите, откако Санчез ја погоди стативата.
Со оваа победа Интер се истакна на врвот со 46 бода, седум повеќе и натпревар повеќе од Милан и Наполи кои играат нешто подоцна и во 2022 година.
Во следното коло, на 6 јануари, Интер гостува кај Болоња.
Кога станува збор за Торино, тие се 11 на табелата со 25 бодови, а во 20. коло ќе играат против Аталанта.
Се одиграа уште два натпревари. Рома ремизираше 1-1 со Сампдорија, исто како што Верона ремизираше со Фиорентина. Претходно денеска Болоња го совлада Сасуоло на гости со 0:3, а како гостин победи и Лацио против Венеција со 1:3.



