Неверојатниот учинок на Пеп Гвардиола

Манчестер Сити синоќа го победи Шефилд Јунајтед со 1-0.
Екипата на Пеп Гвардиола со тоа стигна до нова победа и го обезбеди првото место во Премиер лигата, а тоа беше и одличен натпревар за шпанскиот стручњак.
Триумфот над Шефилд Јунајтед беше 500-ти во кариерата на овој одличен тренер, и дефинитивно треба да ја посочиме неговата статистика, која е навистина неверојатна.
Пред Сити, Гвардиола водеше два вистински великани – Барселона и Баерн. И таму освои трофеи и забележа победи, исто како и со Сити и ретко губеше игри.
Така, тој стигна до 500-та победа во тренерската кариера на само 673 натпревари, односно освои 74 проценти од игрите што ги водеше, што е навистина неверојатен резултат.
Сити исто така освои 12 последователни натпревари за прв пат во историјата на клубот и ќе има шанса да ја продолжи серијата на 7 февруари во големото дерби против Ливерпул.



