SportM
Фудбал

Неверојатно е колку Барса не може без Педри

Д М28 фев 2023
Неверојатно е колку Барса не може без Педри

Барселона западна во мини-криза, а ова повторно се поклопи со отсуството на Педри.

Младиот играч за врска се повреди на првиот натпревар против Манчестер Јунајтед и беше проследен со целосен пад. Барса не успеа да го победи Јунајтед ниту на тој меч кој заврши 2:2, а потоа загуби од Англичаните во реваншот (2:1), како и од Алмерија на гости (1:0).

Статистиката со Педри и без него на теренот е едноставно неверојатна. Со него Барса има дури 90% од победите во Ла Лига, односно учинок од 27 победи, три нерешени и само еден пораз и 84 од можни 93 бода.

Кога Педри не е на теренот, Барса е буквално очајна – 57% победи и 31 од можни 54 бодови – 9 победи, четири нерешени и дури пет порази.

Чави нема да може да смета на Педри уште најмалку три меча – во четврток во Мадрид против Реал во првиот полуфинален натпревар од Купот на кралот, а потоа против Валенсија на Камп Ноу и Атлетик Билбао во Билбао.

Ако ја погледнеме оваа традиција, тешко дека Барса ќе забележи повеќе од две победи…

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.