SportM
Фудбал

Невидена доминација на гостите во Бундеслигата

Д М28 сеп 2019
Невидена доминација на гостите во Бундеслигата

Вистински куриозитет се случи во германското фудбалско првенство, сите пет натпревари попладнево го добија гостинските тимови. Ако на тоа се додаде и синоќешниот меч, засега гостите имаат шест од шест.

Не само што победија на крај, туку гостите на сите дуели водеа и на полувреме. Честа на домаќините може да ја спаси Борусија Дортмунд доцна попладнево, како и Фортуна и Келн утре.

Во денешните завршени мечеви од Бундеслигата, постигнати се следните резултати: Аугсбург – Баер Леверкузен 0:3, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 0:3, Мајнц – Волфсбург 0:1, Падерборн – Баерн Минехн 2:3, Лајпциг – Шалке 1:3.

Роберт Левандовски од Баерн дојде до својот десетти гол сезонава и постави нов бундеслигашки рекорд по бројот на погодоци во првите шест кола.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.