Невидени проблеми: Сетиен има само 15 играчи на располагање за натпреварот против Наполи

Фудбалерите на Барселона вчера ги започнаа подготовките за продолжување на ЛШ.
Барселона ја очекува реванш натпревар од 1/8 финалето на „Камп Ноу“ против Наполи следната недела. Беше 1:1 во првиот натпревар и јасно е дека Барса ја има улогата на фаворит, но овој тим не ги обезбедува очекуваните игри во последно време.
Каталонците не успеаја да ја одбранат титулата во Шпанија и покрај тоа што имаа сè во свои раце пред продолжението на лигата. Очајните игри не се баш нешто што им дава оптимизам на навивачите пред продолжението од Лигата на шампионите.
Исто така, постои голем проблем за Кикљ Сетиен поради повредени играчи, и играчи кои немаат право да играат поради суспензија. Имено, звучи неверојатно дека тренерот на Барселона ќе има на располагање само 15 играчи, и дека ќе треба да покани неколку играчи од резервниот тим.
Артуро Видал и Серхио Бускетс нема да играат поради картон, додека повредени се Самуел Умтити, Роналд Араујо и Усман Дембеле. Артур Мело одбива да игра до крајот на сезоната, што ги натера сите во клубот да бидат многу лути. Браитвајт, од друга страна, нема право да игра во ЛШ оваа сезона.
Така, Сетиен во моментов ги има: Тер Штеген и Нет, Пике, Ленглет, Алба, Фирпо, Семедо, Ракитиќ, Пуиг, Де Јонг, Роберт, Гризман, Суарез, Фати и Меси.



