Connect with us

Фудбал

Невообичаена ситуација: ФИФА му забрани на сенегалскиот фудбалер да игра

Светската фудбалска федерација (ФИФА) му забрани на сенегалскиот фудбалер Папе Гује да игра натпревари.

22-годишниот играч за врска на францускиот великан Марсеј доби забрана за настап додека беше со националниот тим на Африканското првенство.

Тој нема да може да игра за својоата репрезентација, но и за клубот, додека ФИФА не ја промени одлуката.

Забраната дојде поради истрагата на ФИФА за трансферот на овој фудбалер во кој беа инволвирани Ватфорд и Марсеј.

Гује беше претставен на 29 април 2020 година како нов член на англискиот клуб, потпишувајќи петгодишен договор, но само 24 часа подоцна Гује потпиша за Марсеј.

Во трансферот од Ватфорд на Велодром беше ставена опција англискиот клуб да има предност при купувањето на овој фудбалер и патем да заработи три милиони евра.

Гује тогаш тврдеше дека ја напуштил Англија бидејќи во договорот била напишана погрешна бројка за плата. Наместо 45.000 фунти неделно, договорот ја содржел оваа бројка на месечна основа.

На крајот по само 24 часа ја напушти Англија, потпиша за Марсеј, а и денес игра за францускиот гигант.

Реклама

Facebook

Реклама