SportM
Фудбал

Ни на Клоп, а ни на никој друг не му е јасно како Салах e дури шести на листата

Д М28 окт 2018
Ни на Клоп, а ни на никој друг не му е јасно како Салах e дури шести на листата

Можеби не изгледа така додека гледате натпревар на Ливерпул, но Мухамед Салах е дури шести најбрз играч.

Вчера Ливерпул го декларираше Кардиф 4:1 со новиот гол на Салах. Еѓипќанинот се враќа во минатосезонската форма, а колку и да изгледа неприфатливо за противничката одбрана, тој е дури шести на листата на најбрзи играчи на славниот клуб.

Верувале или не, на прво место е Џо Гомез, а најбрзо време имаше против Лестер, на второ место е Вирџил ван Дајк, потоа следат Садио Мане, Трент Арнолд и Ендрју Робертсон.

Салах и Фирмино го делат шестото место. Гледајќи го Ливерпул викендов ,,Кралот на Еѓипет” би го вброиле меѓу првите три играчи на својот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.