Connect with us

Фудбал

„Ни покажа слики од филмовите Гладијатор и 300 за да играме како воини, а ние загубивме со 7:1“ (ВИДЕО)

Блекбурн Роверс некогаш беа стандарден член на Премиер лигата, но со години не можат да се вратат во друштвото на најдобрите.

Блекбурн испадна од ПЛ во 2012 година и не успеа да се врати во најсилниот ранг на англискиот фудбал, иако некогаш заедно имаа неколку навистина одлични генерации.

Блекбурн имаше одличен тим во сезоната пред испаѓањето од Премиер лигата кога тренер беше Сем А-Лардајс. Во тоа време, тимот вклучуваше играчи како Салгадо, Фил Џонс, Ел-Хаџи Диуф и Гаел Живет.

Токму Живет се присети на таа сезона во Блекбурн и на нереалната сцена што ја доживеа во соблекувалната пред натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Блекбурн се одигра на 27 ноември 2010 година, а „црвените ѓаволи“ ги понижија Роверс и ги победија со дури 7:1.

На оваа игра блесна легендарниот Димитар Бербатов, кој постигна дури пет гола и одигра една од најдобрите партии во кариерата. Два гола за Јунајтед постигнаа Парк и Нани, а единствен стрелец за Блекбурн беше Самба во 83. минута за конечни 7-1.

Живет тогаш беше во тимот на Блакбурн, но натпреварот на „Театарот на соништата“ го следеше од клупата за резерви. Но, тој рече дека говорот на тренерот Алардајс нема да биде заборавен до крајот на неговиот живот.

„Се сеќавам дека Блекбурн играше на гости против Манчестер Јунајтед во 2010 година. Самиот Алардајс одржа говор за целиот тим пред натпреварот во соблекувалната. Ни покажа слики од Гладијатор и 300 филмовите за да не мотивира и да бидеме воини на теренот. По половина час игра губевме со 3-0, а на крајот бевме поразени со 7-1“, изјави Живет.

Живет го напушти Блекбурн две години подоцна и се врати во Франција каде потпиша за Арл. Тој повторно се најде во центарот на вниманието во 2015 година кога го напушти Евиан, а потоа изјави дека бил исфрлен од клубот затоа што мислеле дека е џихадист.

„Три дена пред првиот натпревар, претседателот ме повика во својата канцеларија за нешто што изгледаше лудо и немаше никаква врска со фудбалот. Во Евиан сакаа да ме натераат да се избричам. На 33 години не сакате така да ве третираат. Мене ме гледаа како џихадист, а ни јас не сум муслиман“, објасни Живет.

 

Реклама

Facebook

Реклама