„Ние се подготвуваме за нешто големо против Барселона“

Дреси Мертенс зборува и за враќањето на Лигата на шампионите, поточно за нивниот натпревар против Барселона.
„Одигравме одлично во првиот натпревар. Во повратниот предизвик, сè ќе биде посложено. Резултатот од 1:1 на „Сан Паоло“ нè принудува да се избориме на „Камп Ноу“. Без да постигнеме гол, ќе бидеме елиминирани. Ние се подготвуваме за нешто големо против Барселона“.
Тој, исто така, има само добри зборови за последните двајца тренери на тимот.
„Гатузо е навистина добар тренер. Мислам дека тој е совршен човек за Наполи сега затоа што им дава на младите играчи многу можности. Тој може да биде одличен тренер и за иднината. Има освоено многу како фудбалер и знае што е потребно за да успее. Ова го сфативме и со Анчелоти, бидејќи тој исто така многу освои и се обиде да го пренесе овој менталитет и на играчите“.



