SportM
Фудбал

Никој не може да поверува дека Килијан Мбапе ги кажал токму овие зборови

Д М9 сеп 2022
Никој не може да поверува дека Килијан Мбапе ги кажал токму овие зборови

Килијан Мбапе изминатиов период беше во центарот на вниманието на европските медиуми.

 

Еден од најдобрите светски фудбалери со своето арогантно однесување разочара многу љубители на фудбалот, а сега во интервју за Wall Street Journal го привлече вниманието ставајќи го тимот пред се.

 

Мбапе зборуваше за многу работи. Најтешкиот пораз во неговата кариера беше финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, кога ПСЖ беше поразен од Баерн со 1:0 во Лисабон.

„Мојот најтежок пораз беше во финалето на Лигата на шампионите против Баерн“, открива Мбапе за Вол Стрит Журнал и продолжува:

 

„Го завршувате натпреварот, го земате медалот, го гледате трофејот, но знаете дека тоа не е за вас. Тешко е чувството, но тоа е животот“.

 

Не му беше лесно таа вечер. Сакаше само да плаче.

 

„Искрено, сакав да плачам. Само сакав да плачам и да бидам сам. Сепак, на крајот тоа само останува дел од вашата историја, знаете дека треба да се движите напред, да се вратите и да победите“.

 

Потоа зборуваше за тимскиот дух, нешто што всушност не беше негова сила во играта.

 

„Јас сум конкурентен, можеби премногу. Добро е да се биде таков на теренот, но нема потреба од тоа во животот. Се трудам да уживам во животот што е можно повеќе“.

 

„Тимскиот дух е најважен. Најдобрите играчи во светот се за џабе ако меѓу нив нема тимски дух. Тогаш нема трофеи“, изјави Мбапе.

 

Килијан Мбапе одигра шест натпревари оваа сезона, постигна девет гола и не направи ниту една асистенција.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.