Никој не може да поверува што направи судијата: Можно ли е играчот на Баерн да добил картон за ова?

Во 4. коло од германската Бундес лига, Баерн вчера одигра 1:1 со Борусија Менхенгладбах.
Турам ги доведе гостите во водство во 43. минута, а Сане им донесе бод на домашните со голот во 83. минута од натпреварот.
На овој натпревар блескаше гостинскиот голман Јан Сомер кој забележа 19 одбрани и со тоа го собори рекордот во Бундеслигата.
Еден од најдобрите на теренот беше Џошуа Кимих, кој оствари 131 контакт со топката. Тој може да се пофали со 89 прецизни додавања, 15 долги топки (од 18 обиди), пет клучни додавања, три украдени топки и жолт картон. Веројатно еден од најсмешните што некогаш ги добил и видел.
Во 62. минута Германецот му подаде рака на Турам за да му помогне да излезе од теренот. Судијата најверојатно го сфати тоа како малтретирање на противникот и му покажа жолт картон на Џошуа.
Видеото со овој момент го прокоментира Лукас Ернандез кој се насмеа на одлуката на судијата.
🤣🤣🤣🤣🤣🤣🤣
— Lucas Hernández (@LucasHernandez) August 28, 2022
Баерн првпат прими бодови оваа сезона и по четири кола има 10 бода – исто толку колку и Унион Берлин.
На следните три места се Фрајбург, Хофенхајм и Борусија Дортмунд со по 9 бодови. Борусија Менхенгладбах е шеста со 8 бодови.
Во среда тимот од Минхен го очекува доцниот натпревар во првото коло од Купот на Германија против Викторија од Келн.



