Никој не може со него: Неверојатниот Суарез измисли нов начин за „крадење“ на времето (ВИДЕО)

Синоќа репрезентацијата на Уругвај ремизираше против Чиле (1:1) во натпреварот од третото коло од групната фаза на Копа Америка.
По поразот од Аргентина, Уругвај успеа да стигне до бод против Чиле, иако не пружи најдобра игра.
Чиле поведе во 26-та минута од натпреварот кога погоди Варгас, а поен за Уругвај на средината на второто полувреме донесе Артуро Видал кога ја испрати топката во сопствената мрежа за конечни 1:1
Уругвајците очигледно беа задоволни од ремито против Чилеанците и го задржаа своето време на различни начини на крајот од мечот.
Во центарот на вниманието беше Луис Суарез, кој се чини измисли нов начин фудбалерите да „крадат“ време на натпреварите.
Имено, на самиот крај од мечот, Клаудио Браво сакаше да ја врати топката во игра, а Суарез беше покрај него и ја извади фудбалската чизма за да заштеди време.
Но, тоа не беше сè кога Браво се обиде да му ја додаде топката на еден соиграч Суарез застана пред него за повторно да ја облече фудбалската чизма и затоа повторно покажа дека е „намачкан со сите бои“.
https://twitter.com/i/status/1407111416276930560
Браво се обиде да му се одмазди на својот поранешен соиграч од Барселона и сакаше да ја однесе топката низ неговите нозе, но не успеа.



