SportM
Фудбал

Никој од светот на фудбалот не го поддржа Сити

Д М21 фев 2020
Никој од светот на фудбалот не го поддржа Сити

Манчестер Сити беше казнет со УЕФА минатата недела со исфрлање од европските натпреварувања и казна од 30 милиони евра.

Актуелниот шампион на Англија е казнет за нарушување на финансискиот фер-плеј, но тие веднаш се жалеле до Судот за спортска арбитража (КАС) и сега се чека конечна одлука.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола тврди дека никој во светот на фудбалот не го поддржал неговиот тим од одлуката за изрекување на казната.

„Дали добивме пораки за поддршка? Не“, кратко рече Гвардиола, продолжувајќи:

„Горд сум на сè што направивме во претходните години и никој не ни помогна од страната. Сепак, не можеме да го промениме мислењето на луѓето, иако знам колку напорно работевме сите овие години“, рече Гвардиола.

Сити се надеваат дека КАС ќе донесе конечна одлука до крајот на сезоната.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.