SportM
Фудбал

Никој во Европа не го направи тоа што го направи Интер оваа сезона

Д М21 јан 2022
Никој во Европа не го направи тоа што го направи Интер оваа сезона

Интер и оваа сезона игра во одлична форма.

Моментално се лидери во Серија А и се на добар пат да ја одбранат титулата, да стигнат до четвртфиналето во Купот на Италија, да играат во осминафиналето во Лигата на шампионите, а пред девет дена со победа го освоија италијанскиот Суперкуп против Јувентус.

Покрај тоа што веќе го освоија трофејот и се во игра за преостанатите три, статистичките експерти од Опта носат одлична статистика која покажува колку Интер има широк кадар.

Имено, дури 20 различни играчи на Интер оваа сезона постигнаа голови за Интер во сите натпреварувања. Ниту еден друг клуб во првите пет европски лиги не може да се пофали со овој учинок.

Интер навистина работи како вистински тим и тоа е можеби формулата за успехот што го прави.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.