Ништо ново во Франција

Ништо ново во Лига 1.
ПСЖ е суверен владетел на францускиот клупски фудбал.
Тоа го докажаа вечерва во натпреварот од 6.коло.
ПСЖ без поголеми проблеми го совлада Нант со 0:3 како гостин.
Мбапе погоди во 18. минута за 0:1, асистент беше Меси, таков беше резултатот од првото полувреме.
Во продолжение парижаните го шутнаа во висока опрема.
Мбапе беше расположен вечерва, а Оепт ја затресе мрежата на Канарите по асистенција на Меси. Тоа беше во 54. минута за 0:2.
Конечните 0:3 ги постави Мендеш во 68. минута од натпреварот.
На ова да додадеме дека Нант играше со играч помалку од 24. минута, а Фабио доби директен црвен картон за груб фаул.
По шест, ПСЖ е лидер со 16 бода и гол разлика 24:4, 16 има и Марсеј и колку ќе го следи темпото на ПСЖ ќе видиме.
Нант е на златната средина на десеттата позиција со шест освоени бода од шест одиграни кола.



