Поврзи се со нас

Фудбал

Ништо од дуел помеѓу Мбапе и Роналдо!

Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе требаше да се сретнат двапати во краток временски период.

Роналдо и Мбапе си ги одмерија силите во октомври на мечот меѓу Франција и Португалија во Париз, но вечерва тоа нема да биде случај во Лисабон.

Имено, Мбапе нема да се натпреварува за дуелот со Португалецот бидејќи сè уште не успеал да се опорави на време.

Одличниот офанзивен играч доби удар на дуелот против Нант, тој пристигна на собирот, но се уште не е подготвен за игра.

Франција во вторник ќе игра против Шведска на домашен терен, не е исклучена можноста Мбапе да настапи на тој дуел.

loading...

Facebook