SportM
Фудбал

Ништо од играње во ЛШ: Дибала кажа „да“ за нов клуб

Д М14 јул 2022
Ништо од играње во ЛШ: Дибала кажа „да“ за нов клуб

Точно на полноќ италијанските медиуми објавија нови детали за иднината на Пауло Дибала.

 

Аргентинецот моментално е во Торино, каде тренира индивидуално и чека зелено светло од својот менаџер да отпатува за да го потпише договорот.

Ако им се верува на италијанските медиуми, Дибала во новата сезона нема да игра во Лигата на шампионите бидејќи се согласи да се пресели во Рома.

 

Се чинеше дека 28-годишниот фудбалер ќе заврши во Интер, гледаше и Наполи, но се чини дека Рома ја доби зделката за неговиот потпис.

Tuttomercato наведува дека Дибала го одобрил неговиот трансфер во Рим, но потписот ќе мора да почека уште некое време, односно додека Вучица не го продаде Никола Заниола.

 

Вестите од Аргентина велат дека Рома за Дибала подготвила договор вреден шест милиони по сезона. Должината на договорот е четири години.

 

Рома во новата сезона ќе игра во Лига Европа, што значи дека одличниот Аргентинец нема да игра во најелитното клупско натпреварување во случај на трансфер во римски клуб.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.