Ништо од смената, Челзи го задржува Потер?

Раководството на фудбалскиот клуб Челзи го поддржа менаџерот Греам Потер по поразот од Саутемптон (0:1) во 24. коло од Премиер лигата, пренесува британски Експрес.
Челзи моментално е на 10. место на табелата со 31 бод, а лондонскиот клуб последната победа во Премиер лигата ја постигна на 15 јануари против Кристал Палас (1:0).
Оттогаш „Сините“ забележаа три ремија и еден пораз во домашното првенство, а во средата го загубија првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (0:1).
По натпреварот со Саутемптон, навивачите побараа Потер да поднесе оставка или да биде сменет.
Експрес наведува дека Потер ја добил поддршката од челниците на клубот да остане на менаџерската позиција, бидејќи раководството на „Сините“ смета дека Челзи ќе ја подобри формата во наредниот период, иако во меѓувреме се појави список на потенцијални кандидати за се појави нов тренер на првиот тим.
Потер го презеде Челзи во септември минатата година, откако Томас Тухел доби отказ.



