SportM
Фудбал

Ноер го стигна легендарниот Кан

Д М9 мај 2021
Ноер го стигна легендарниот Кан

Германскиот голман Мануел Ноер го изедначи рекордот на легендарниот Оливер Кан.

Баерн синоќа ја совлада Борусија Моенхенгладбах со 6:0, потврдувајќи ја освоената титула уште пред почетокот на мечот, со оглед на поразот од Лајпциг во Дортмунд.

Капитенот Ноер достигна големо достигнување, бидејќи ова беше негов 204-ти натпревар во кој ја зачува мрежата. Му беа потребни 444 натпревари за да го стори тоа, додека на Кан му беа потребни 557 натпревари за истиот подвиг.

Ноер е класа, сега е само прашање кога ќе стигне до рекордниот 205. натпревар без примен гол, што дефинитивно ќе го собори поранешниот капитен и голман на Баерн.

Ноер дојде во Баерн во 2011 година од Шалке, а од 2009 година е голман на германската репрезентација.

Тој има освоено девет титули со Баерн во Германија, две Лиги на шампиони, двапати на Светското клупско првенство, пет пати германски Суперкуп и пет пати германски куп и двапати европски суперкуп.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.