Нојер меѓу постовите по речиси една година
Д М27 окт 2023

Мануел Нојер конечно се врати на голот на Баерн Минхен.
Германскиот претставник во сабота ќе застане меѓу стативите од првата минута на дуелот што Баварците го играат против Дармштад во Бундеслигата.
„Ова го чекавме долго време и сите со нетрпение го очекуваме. И Мануел и целиот тим“, објави тренерот на Баерн, Томас Тухел.
Одличниот мрежец ја скрши потколеницата на скијање во декември минатата година, веднаш откако Германија го заврши учеството на Светскиот куп. Следеше операција, проследена со долг период на опоравување.
Натпреварот помеѓу Баерн и Дармштад во Мултипренос од Бундес лигата започнува од 15:30 часот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



