SportM
Фудбал

Нојер не го испочитува таксистот кој му го вратил паричникот, но затоа Лотар Матеус направи голем потег

E R23 јул 2022
Нојер не го испочитува таксистот кој му го вратил паричникот, но затоа Лотар Матеус направи голем потег

Таксистот Хазир С. Се најде во центарот на вниманието на германската јавност откако го пронајде паричникот на ѕвездата на Баерн, Мануел Нојер. Тој го возел Нојер во своето такси. Неколку часа подоцна го нашол паричникот и решил лично да му го врати.

„Името и адресата на Мануел Нојер беа на неговата лична карта. Внатре имаше картичка Visa Platinium, црна MasterCard и околу 800 евра во кеш“, изјави Хазир за Bild.

Потоа поминал 120 километри за да ги врати изгубените работи. Не го пронашол на две адреси, а потоа добил информација дека во близина живее и менаџерот на Нојер и решил да оди таму.

-Ми ја отвори вратата, јас предадов се и ги оставив податоците за контакт“, изјави Хазир, кој по две недели добил пакет со потпишан дрес на Мануел Нојер.

Хазир тврди дека патувањето до Нојер го чинело 400 евра и е лут поради тоа што не бил испочитуван од големата ѕвезда.

„Наградата е потсмев! Имам четири деца и што да правам со тој дрес?“, праша Хазир.

Меѓутоа, откако се прошири приказната, многу познати личности реагираа. Меѓу нив е и легендарниот Лотар Матаус, кој понуди 1.000 евра за потпишаниот дрес на Мануел Нојер.

Потоа ќе го стави на аукција каде ќе се собираат средства за болните деца. Тој ги објасни причините зошто на таксистот му дал 1.000 евра за се.

“Знам како е да изгубиш паричник. Има многу работа подоцна. Нови картички, документи. Секоја чест за него што го спаси Мануел од повеќе неволји”, рекол Матаус.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.