SportM
Фудбал

Нов договор за Бернардо Силва – 17 милиони евра годишно

Д М22 дек 2021
Нов договор за Бернардо Силва – 17 милиони евра годишно

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити подготвил нов засилен договор за португалскиот фудбалер Бернардо Силва.

Според медиумите на Островот, англискиот клуб е задоволен од настапот на играчот од средниот ред и е подготвен да го награди со нов договор со зголемување на платата. Раководството е подготвено да ги зголеми платите на Бернардо Силва на 300 илјади фунти неделно, што е околу 350 илјади евра. На годишно ниво таа е приближно 17 милиони евра (16,8).

Актуелниот договор на 27-годишниот Португалец со Граѓаните е со важност до летото 2025 година. Бернардо Силва оваа сезона одигра 17 натпревари и постигна седум голови.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола оваа сезона неколку пати изјави дека според него Бернардо Силва моментално е најдобриот играч во Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.