Нов договор за две легенди на Реал

Реал Мадрид ќе им понуди нови договори на, Лука Модриќ и Серхио Рамос.
Според шпанските медиуми, првиот човек на мадридскиот клуб Флорентино Перез ќе му понуди Модриќ и Рамос да потпишат нов договор.
Тековните договори на двајцата играчи истекуваат на крајот на оваа сезона и тие можат да започнат преговори со други тимови во јануари, но Реал ја цени важноста на двајцата играчи и е свесен дека навивачите нема да прифатат нивно заминување, па затоа се подготвени да им понудат нови договори.
Сепак, шпанските медиуми сè уште не се сигурни дали Реал ќе остане на својата спортска политика во овие два случаи поврзани со обновување на едногодишниот договор за играчи постари од 30 години, или дали понудата ќе биде за подолг временски период.
Да потсетиме, Модриќ и Рамос освоија се што може да се освои со Реал. Шпанскиот репрезентативец пристигна во Мадрид од Севиљја во 2005 година, а Хрватот во 2012 година од Тотенхем.



