SportM
Фудбал

Нов договор за Мартинез со Интер

Д М19 авг 2021
Нов договор за Мартинез со Интер

Лаутаро Мартинез сепак нема да го напушти Интер ова лето.

Се чинеше дека неговото заминување во Тотенхем е завршена работа, се споменуваше бројка од 60 милиони фунти, но нема ништо од тоа.

Според последните информации, аргентинскиот напаѓач ќе потпише петгодишен договор со Интер.

Моментално има договор до 2023 година, и ќе добива покачување од 2,6 милиони евра годишно.

Досега тој добивал 2,5 милиони годишно, а според новиот договор, тоа ќе изнесува 5,1 милиони годишно.

Лаутаро стана член на „нероазурите“ во 2018 година. Тој пристигна од Аргентински Расинг за речиси 23 милиони фунти и се покажа како вистинско засилување на клубот. Во изминатите три сезони, Мартинез одигра вкупно 132 натпревари во дресот на Интер и постигна 49 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.