Connect with us

Фудбал

Нов отказ во Барселона: Доцнел на работа затоа што се успал, а потоа игнорирал повици и мејлови

Жоан Лапорта очигледно донесе одлука да ги промени работите во Барселона што е можно повеќе и да го поправи сето она што со години не функционира.

Покрај промената на тренерската позиција и играчкиот кадар, Лапорта се грижи и за други работи во каталонскиот клуб.

Така шпанските медиуми денеска објавија дека Лапорта решил да му врачи отказ на Феран Лопез, кој инаку беше шеф на обезбедувањето на каталонскиот клуб, но имаше неколку големи пропусти.

Капката која ја прели чашата се случи пред неколку недели кога група навивачи на Барселона го нападнаа автомобилот на Роналд Куман пред стадионот, навредувајќи го, а некои дури и клоцаа по автомобилот.

Лапорта потоа остро го осуди ваквото однесување на навивачите и вети дека такви работи нема да се повторат.

Тој реши да го отпушти Лопез бидејќи смета дека тој е главниот виновник бидејќи обезбедувањето на стадионот веќе извесно време не работи како што треба.

Претходно слични работи им се случија на некои играчи на Барселона кои навивачите на сличен начин ги чекаа пред стадионот, а обезбедувањето не си ја заврши работата, што Лапорта повеќе не сака да го толерира.

Некои медиуми објавија дека Лопет наводно бил незаинтересиран за оваа работа и дека често доцнел на истата затоа што се успивал, а на многу повици и мејлови од клубот воопшто не одговарал.

Реклама

Facebook

Реклама