Други спортови
Нов рекорд на Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ги сподели своите впечатоци пред неговиот рекорден 18-ти настап на Мастерс турнирот во Монте Карло.
– Убаво е да се знае дека играм овде толку многу години. Монте Карло отсекогаш бил посебно место за мене – живеев тука многу години, моите деца се родени тука. Добро ги познавам овие терени и луѓето што работат овде. Атмосферата е неверојатна. Многу фанови доаѓаат тука, особено од Франција и Италија, кои навистина го сакаат тенисот. Затоа е голема радост за мене што сум повторно тука, изјави Ѓоковиќ на прес-конференција.
Ѓоковиќ ќе ја започне својата кампања на Мастерсот во Монте Карло во второто коло, каде ќе игра против Алехандро Табило од Чиле. Натпреварот ќе се одигра на 9 април.
Србинот е 24-кратен Грен слем шампион, поранешен светски рекет број 1 и олимписки шампион од 2024 година.