Нова опција: Сите одат во Рим?

Во Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ), постои силна жеелба за продолжуваео на сезоната во Серија А, која е прекината поради пандемијата на новиот коронавирус.
Затоа постојано се размислува за можни датуми за можно продолжение, но и за тоа како може да се организира и игра натпреварот. Еден од главните проблеми е како да се заврши сезоната без многу последици.
Денес, италијанската „Ла Република“ напиша статија за „екстремната хипотеза“ која, наводно, се разработува.
Тоа е опција каде сите преостанати натпревари од сезоната 2019/2020 во Серија А би се играле во Рим.
Планот, во случај на „активирање“ на опцијата, е да се преместат сите 20 екипи од Серија А во Рим и да се користат веќе постоечките тренинг кампови и терени во италијанската престолнина за тренинзи и натпревари.
Иако не се споменуваат специфични објекти, голем број натпревари веројатно би се одиграле на стадионот „Олимпико“, „домот“ на Рома и Лацио.
Слични шпекулации почнаа да се појавуваат во англиската Премиер лига.
Значи, во Англија постои опција да се заврши сезоната во јуни и јули во изолирани кампови, во делот на земјата најмалку погодена од новата пандемија на коронавирус.
Екипите и персоналот ќе бидат „ограничени“ на одделни хотели, ќе се воспостават редовни тестирања и услови за карантин за да се избегни ново ширење на заразата и повторно да се прекине лигата.



