SportM
Фудбал

Нова шлаканица од Барселона до Челзи: Каталонците им „украдоа“ големо засилување на Сините!

Д М23 јул 2022
Нова шлаканица од Барселона до Челзи: Каталонците им „украдоа“ големо засилување на Сините!

Шпанските медиуми утринава објавија дека Барселона успеала да договори уште едно големо засилување.

 

Каталонскиот клуб заврши одлична работа ова лето бидејќи успеа да доведе четири одлични засилувања и јасно е дека Барселона во следната сезона ќе ги таргетира сите натпреварувања.

 

Барселона ги официјализираше трансферите на Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кесие и Андреас Кристенсен, но се чини дека Жоан Лапорта и неговите соработници нема да застанат тука.

Сега главна цел на Барселона е да ја засили одбраната, која неколку сезони е најслабата алка на тимот. Се чини дека Каталонците конечно го нашле вистинското решение бидејќи наводно се договориле за уште еден голем трансфер.

Шпанскиот новинар Жерар Ромеро утринава објави дека Барселона го договорила трансферот на Жил Кунде, кој во каталонскиот клуб ќе дојде од Севиља.

 

Иако пред неколку дена се пишуваше дека Кунде е на чекор од Челзи бидејќи Севиља ја прифатила понудата на лондонскиот клуб, но овој дефанзивец трпеливо ја чекал понудата на Барселона и целта му била да оди на Камп Ноу, а не на Стемфорд Бриџ.

 

„Жулс Кунде 99% се сели во Барселона! Севиља и Барса постигнаа целосен договор во изминатите часови. Жил дефинитивно ќе потпише за Барса, освен ако не се случи нешто сосема неочекувано“, напиша Ромеро.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.