SportM
Фудбал

Нова трагедија во светот на фудбалот: „Синот на ветрот“ почина на 29 години

Д М9 мај 2022
Нова трагедија во светот на фудбалот: „Синот на ветрот“ почина на 29 години

Нова трагедија го снајде светот на фудбалот.

Холандските медиуми денеска објавија дека поранешниот играч на Твенте, Џоди Лукоки, починал на 29-годишна возраст.

„Синот на ветрот“, како што беше прекарот на фудбалерот, почина под се уште неразјаснети околности и неговото прерано заминување го потресе фудбалскиот свет.

Џоди Лукоки е роден во ДР Конго, но како дете емигрирал во Холандија, каде ги направил првите фудбалски чекори во Ајакс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jody Lukoki (@jlukoki)

Во дресот на холандскиот великан помина четири години, а играше и за Камбур, Цволе, Малатијаспор, Твенте и бугарски Лудогорец каде остана пет години.

Неговиот последен ангажман беше во Твенте, каде што доби отказ поради приватни проблеми и напади врз одредени луѓе.
 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.