SportM
Фудбал

Нова војна, Барса чува ветерани, оти на лето нема да можат да купуваат?!

Д М4 мар 2023
Нова војна, Барса чува ветерани, оти на лето нема да можат да купуваат?!

Неодамна Маркос Алонсо, а сега и Серхио Роберто – Барселона го продолжија трендот на продолжување на договорите со играчи кои се во ротација.

Каталонците одлучија да ги продолжат договорите и на Алонсо и на Роберто до 2024 година, со можност за продолжување на уште една сезона во случај на остварена минутажа.

Многумина се запрашаа зошто Барса сè уште држи ротирачки играчи и не го подмладува тимот, особено со шпекулациите дека Серхио Бускетс ќе добие нов договор и Алба ќе остане сигурен до крајот на договорот во 2024 година.

Каталонски извори денеска пишуваат дека клубот стравува дека поради војната со претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас, Барса ќе биде спречена да купува засилувања во летниот преоден рок.

Во изминатите неколку месеци, Тебас ги промени прописите на Ла Лига само за да го запре протокот на пари на Барса со активирање на финансиските лостови. Барса на тој начин продаде одредени акции од клубот инкасирајќи близу милијарда евра, но Тебас истакна дека Каталонците немаат право да купуваат од тие пари додека не го намалат буџетот за плати.

Тој се уште го кочи бизнисот на Барса, иако Жоан Лапорта и неговото раководство го намалија буџетот за плати за речиси 300 милиони евра годишно и се уште е потребно да се продолжи тој тренд.

Алонсо и Роберто прифатија намалување на платите, сега се очекува и Бускетс да го стори истото и да остане најмалку уште една година.

Доколку Барса е во таков проблем, можно е да може да доведе само играчи на кои им истекуваат договорите, како Илкај Гундоган, Роберто Фирмино, но да почекаме…

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.