Connect with us

Фудбал

Нова војна на фудбалскиот пазар помеѓу Реал и ПСЖ

Реал Мадрид и ПСЖ во последните неколку месеци водат голема вербална војна поради Килијан Мбапе.

Парижаните одбија 200 милиони од Мадрид, што ги налути кралевите, кои се уште се убедени дека следното лето бесплатно ќе ја доведат француската ѕвезда.

Во меѓувреме, ПСЖ и Реал се подготвуваат за нова војна на фудбалскиот пазар бидејќи имаат иста мета, Антонио Рудигер.

Рудигер бележи значителен напредок во последните години, но одбива да го продолжи договорот со Челзи и се подготвува да си замине бесплатно.

И Реал и ПСЖ сакаат да ја освежат одбраната и секако не сакаат да пропуштат толку добра можност бесплатно да ангажираат одличен германски репрезентативец.

Рудигер играше во Штутгарт, а афирмација доживеа во Рома која пред четири години го продаде на Челзи за 35 милиони евра.

Во меѓувреме прерасна во еден од најсигурните стопери во светот. Стана стандарден во германската репрезентација, додека минатата сезона со сините стана европски првак.

Реклама

Facebook

Реклама