Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ сега е трет со 100 победи на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ продолжува да испишува историја.

Рекордерот по титули на Гренд слем турнирите стана само третиот тенисер со 100 победи на Вимблдон откако го елиминираше својот сонародник од Србија Миомир Кецмановиќ со 6:3, 6:0, 6:4.

Број 1 по освоени натпревари на најстариот турнир во светот е Мартина Навратилова (120), додека Роџер Федерер има 105.

Во осминафиналето во Лондон, Ѓоковиќ го чека Алекс де Минаур (Авл).