Новата „десетка“ на Барселона конечно утре ќе биде на теренот

Со заминувањето на Лионел Меси од Барселона, дресот со број 10 му припадна на талентираниот 18-годишен Ансу Фати.
Овој млад фудбалер доби голем удел да ја носи оваа бројка, и за првпат ќе игра со него на утрешниот натпревар против Леванте.
Фати отсуствуваше од терените 10 месеци поради сериозна повреда на коленото. Сега е подготвен да се врати и ќе добие минутажа против Леванте.
Се очекува 18-годишниот напаѓач да одигра околу 20 минути на овој натпревар и тоа ќе биде негов прв натпревар за клубот од ноември минатата година кога се повреди на натпреварот против Бетис.
Ансу Фати е најмладиот стрелец во историјата на каталонскиот великан (16 години и 304 дена), а вкупно има одиграно 41 пат и постигнато 13 голови.
Фати важи за еден од најдобрите млади фудбалери во светот и ќе видиме како ќе изгледа по враќањето од тешката повреда.



