SportM
Фудбал

Нови проблеми за Милан: Бенасер ја заврши сезоната

Д М11 мај 2023
Нови проблеми за Милан: Бенасер ја заврши сезоната

Милан не само што доживеа тежок пораз на Сан Сиро во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер со 2:0, туку да биде уште полошо, остана без еден од најважните играчи Исмаел Бенасер.

Алжирскиот играч за врска, кој во последните неколку недели беше многу добро тактичко решение на позицијата лажна 10, се повреди во првото полувреме од миланското дерби. Се покажа дека е десното колено и беше многу сериозно.

Играчот ќе мора да оди на операција, што автоматски значи дека сезоната за него е завршена. Бенасер веќе имаше проблеми со коленото оваа сезона, поради што пропушти седум натпревари. Тој исто така пропушти уште пет натпревари оваа сезона поради проблеми со бицепсот.

Откако Бенасер дојде во Милан во 2019 година за 17 милиони евра, пропушти вкупно 42 натпревари поради расни повреди. Посебно е алармантно што веќе се повторени некои повреди. Штета е, кога Бенасер беше здрав и на континуирани тренинзи, беше еден од најдобрите фудбалери на Милан.

Покрај речиси невозможната мисија за „росонерите“ во полуфиналето на Лигата на шампионите, треба да се борат и во Серија А за едно од првите четири места и пласман во Лигата на шампионите. Во моментов Милан е на петтото место, со два бода помалку од Интер и пет од второпласираниот Јувентус, кој најверојатно ќе се соочи со нова казна и одземање на бодови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.