Новиот дрес на Барселона може да го претстави само еден човек

Деновиве врвната приказна во светот на фудбалот е иднината на Лионел Меси во Барселона.
Легендарниот Аргентинец извесно време беше практично на излезната врата од „Камп Ноу“, но ситуацијата нагло се смени, па уште некое време ќе уживаме во неговата магија во дресот на Барса.
Според шпанските медиуми, Меси изминатиот викенд бил подложен на тест за корона, кој бил негативен и тој треба многу брзо да се приклучи на тренинзите на Барса под водство на новиот тренер Роналд Куман.
Барселона денес го промовираше третиот сет на дресови на својот официјален Твитер канал, во розова боја, кој го рекламираше Меси, а кај навивачите на Барса падна камен од срцето.
🐐 Leo Messi
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 7, 2020
Шесткратниот освојувач на Златната топка е во Барселона од својата 13 година, а со гигантот од Каталуња има освоено неколку трофеи, вклучувајќи десет титули во шпанската лига и четири трофеи во Лигата на шампионите.



