Connect with us

Фудбал

Новиот португалски селектор не се откажува од Роналдо

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез, го објави списокот со 26 фудбалери за натпреварите против Лихтенштајн и Луксембург на стартот од квалификациите за ЕУРО2024, а меѓу повиканите се најде и фудбалерот на саудиски Ал Наср, Кристијано Роналдо.

„Се сретнав со сите 26 фудбалери кои беа (на Мундијалот) во Катар. Важно е да разговараме, да ја видиме нивната посветеност. А, Роналдо е многу посветен фудбалер. Ова е моја одлука. Тој може да ни донесе искуство, а тоа е многу важна особина за тимот“, изјави Мартинез.

Роналдо (38) со 118 голови во португалскиот дрес е светски рекордер според постигнати погодоци на репрезентативен план, додека со 196 настапи за репрезентацијата во моментов го дели првото место на вечната листа во таа категорија со Кувајќанецот Бадер Ал – Мутава.

„Годините не ме интересираат. Роналдо има победнички карактер и сакам тоа да им го пренесе на другите играчи. Што се однесува до статусот, има ист како и сите други во тимот“, рече Мартинез.

Advertisement